Бесконечно, Петре Николоски, Чифте Амам декември, 2018

/, Галерија, Блесок бр. 125/Бесконечно, Петре Николоски, Чифте Амам декември, 2018

Бесконечно, Петре Николоски, Чифте Амам декември, 2018

Куратор: Ана Франговска

БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)

Националната галерија на Македонија во рамки на јубилејна програма за 2019 година, по повод чествувањето на 70 години од постоењето, како завршна манифестација ја реализира изложбата на Петре Николоски насловена “БЕСКОНЕЧНОСТ (Infinity)” која се отвори на 27 декември во просториите на Чифте амам.

Изложбата на Николоски се состоеше од повеќе мултимедијални дела и инсталации, кои, во најголем број, беа изработени специјално и исклучиво во контекст на архитектонскиот и идеолошко – дискурзивен наратив на/зад Чифте амамот. Клучни дела беа обелискот од книги и бесконечната полица, кои како машки-фалусоиден принцип е поставен во женскиот дел на амамот и комплексната инсталацијата од дрвен материјал, волница и коноп, кои обликуваа специфична, топла, вмрежена инсталација во облик на „утерус“, како симбол на женскиот принцип, позициониран во машкиот дел од амамот.

Првиот клучен објект – обелискот, како и бесконечната полица, беа обликувани од книги кои беа набавени со алтруистички придонес на институции, издавачки куќи и индивидуалци, со што скулптуралното дело се изгради со нетрадиционален скулпторски материјал. Авторот тежнее кон мултидисциплинарност, поместувајќи ги границите на класичната ликовна форма, имплементирајќи ја книжевноста и литературата, проширувајќи го кругот на публиката и иницирајќи ја соработката помеѓу институциите од различен профил.

Другата инсталација пак, која беше конципирана да го повика посетителот да влезе во самиот нејзин облик, понуди посебни и однапред зададени патишта и правци на движење, во обликовен и формален смисол, создавајќи просторно опозитна линерна трансформација на арабеската и декорациите од куполата.

Во останатиот дел од амамот бea поставени видео инсталации, колажи – објекти и други просторни инсталации кои Николоски досега ги имал изработено и презентирано на други изложби.

2019-08-05T09:46:55+00:00 мај 30th, 2019|Categories: Изложба, Галерија, Блесок бр. 125|