Седум песни

Седум песни

Ноќ пред заминување в шума
Манифест
Разлеано
Берлинска осаменост
Нов тестамент
Мисис Робинсон на отворен пат

Чет Бејкер


Чет Бејкер

 

Чет Бејкер ме пронаоѓа

иако се сокрив
зад топлината
и раце ме милуваат
во собата
кај што завесите чуваат стража

Чет Бејкер лесно ме наоѓа
неговата труба
ги слави заспаните ноќи
прошетките по широките авении
малите хотели
и нивните балкони

ми зборува да запаметам
сѐ што ноќва се случувало –

да се сетам
на палмата на морето на нејзините мириси

секој пат кога ќе помислам
дека е наредено повлекување

 

превод од босански: Сузана В. Спасовска

АвторМехмед Бегиќ
ПреводСузана В. Спасовска
2021-04-03T19:08:35+00:00 март 31st, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 136|