Врисок од самопослугата
на сништата
Пустината е гето
каде некој
ѝ го украл срцето на пластичната кукла
и создал силиконска маска
за оние кои
како радиоактивен дожд
паѓаат на уредно навадените градини
вистинскиот вкус е секогаш горок
како и последната
цигара
пред спиење
осамен како Јети
изгубен како топка снег
во жешко масло
се обидувам
да ги заборавам допирите
на светкавите прсти на младоста
љубовта е случаен партнер
луксузен
слободен пад
низ куполата на свилениот падобран