Графички приказни

Графички приказни

молкот за дедо ми стана гробница каде ги запретуваше сите зборови. не само кротките, туку и оние кои прават бура и носат сЕ пред себе.
светот стана инверзен, молкот- и фитиљ, и барут. (за себераспрснување)

ја положи баба ми главата на дланки, го виде небото како голем син капак.
се сети на небото на петар пол рубенс, на тарнер, на мунк. на сите немирни неба. на небото на ван гог. (после него никој не се осмелуваше да слика небо). ги прелистуваше од око во око, од око на око на синиот капак. небото не е едно, небото е многу неба.

светот е затрупан со зборови, испразнет од зборови, со многу малку простор за меѓу-зборови. колку малку? многу.

половичен свет(о)глед

АвторПеро Георгиев