Графички приказни

Графички приказни

денеска смртта е жива, дури и пожива.
многу гласови кои ги нема, сега се тука. со нив молчиме, се сеќаваме на сето она што го кажавме, а можевме да го одмолчиме.
ехото што се крши в грло прави неиздржлив татнеж в уши.

баба ми не умееше да се потпре на ништо друго освен на своите раце. тие беа за неа симбол. со нив стискаше, милуваше, плетеше, чистеше вошки. удираше по дирки. со нив зборуваше. молчеше на сите јазици. се држеше себе си за врат., да не си побегне.

дедо ми не успеа да дувне во трубата на луис амстронг, но успеа да ѕирне низ неа. виде прекрасен свет.

АвторПеро Георгиев