вагони полни лица татнат
низ ноќта: очи полни
молчалив ужас, соочени
со нејасна предодреденост,
подадени кон конечноста.
конвои полни опиплива помош
итаат низ мински полиња,
товари полни нитроглицерин
што прска при најмало невнимание,
летаат над земјата и над секоја смисла.
полни писти, автопати, шини,
полни луѓе со мечти, мисли,
сништа, желби, копнежи,
болки, несоници, првут
и свиени грбови: јурат кон крајот.
22.01.2014, 03:10