Коските што доаѓаат доцна

/, Блесок бр. 08, Театар/Филм/Коските што доаѓаат доцна

Коските што доаѓаат доцна

СЦЕНА II (Толкување на сонот)

СЛУЖБЕНИКОТ
Ова е Марк Алем од Ќуприлиите, потекнува од семејството кое, повеќе од кој и да е друг, придонесоа Големета Порта и нашата Империја да блескаат со своите победи.
ЧИНОВНИКОТ I
Што се ќуприлиите, господару?
СЛУЖБЕНИКОТ
Тие се Албанци! Ќуприлиите се единственото кралско семејство на светот што за себе имаат еден епос.
ЧИНОВНИКОТ I
А епосот, што е епосот?
СЛУЖБЕНИКОТ
Овој овде има привилегирана позиција во државната хиерархија. Назначен е за толкувач во Царската Палатата на сништата. И ете, од тогаш, не може да се оттргне од нив, од соништата. Во соништата му се појавуваат призори од неговото дамнешно минато, оние призори на масакрите, убиствата и палежите што ги направила нашата војска освојувајќи ја неговата земја пред петстотини и педесет години.
ЧИНОВНИКОТ II
Зар Турција не е негова земја, господару?!?!
СЛУЖБЕНИКОТ
Одамна постои недоразбирање меѓу Албанците таму во Албанија, и Албанците Ќуприлии овде во Турција. Албанците таму тешко ги разбираат Царските димензии на албанските семејства исламизирани доброволно. Може да се каже: Албанците таму се неблагодарни за сите добрини што ги сториле Албанците овде за Отоманската империја, за големата држава, во чии прегратки Албанија е само мал дел. Албанците таму велат: не ни интересира што сте направиле вие туркофилите за Големото Царство, но кажете ни што сте направиле за оваа малечка грутка, наречена Албанија?
ЧИНОВНИКОТ I
Некои Албанци велат дека ги проколнал Султанот.
СЛУЖБЕНИКОТ
Кога Турците ја нападнале Албанија со топови и сабји, Албанците мислеле дека доаѓаат да ги поробат, а Турците им подариле на Албанците едно Големо Царство.
ЧИНОВНИКОТ II
Една Империја – нашата Империја подарок за Албанците!
СЛУЖБЕНИКОТ
Турците им го дадоа на Албанците тоа што им недостасуваше: големиот простор! Албанците еден ден ќе се изборат за вистинската независност. Но тогаш ќе го изгубат големиот простор каде што летаат како ветер. Ќе се затворат во таа нивната тесна грутка. Крилјата ќе им се исушат удирајќи се од една планина во друга, како птиците што никако не можат да полетаат. Ќе овенат. Некогаш ќе речат: што добивме со отцепувањето од Турција?
Тогаш ќе дојде денот, кога пак ќе го подигаат погледот кон Турција. Да се обединат уште еднаш.

АвторТеки Дервиши
2018-08-21T17:22:11+00:00 април 1st, 1999|Categories: Текст, Блесок бр. 08, Театар/Филм|