Коските што доаѓаат доцна

/, Блесок бр. 08, Театар/Филм/Коските што доаѓаат доцна

Коските што доаѓаат доцна

СЦЕНА I – (Доаѓање во Палатата)

„Сонот“ – Еден напуштен плоштад, крај подножјето на еден мост; некаква пустелија слична на онаа на која се фрла отпадот. Сред отпадот, прашината, скршените керамички делови, еден стар музички инструмент, кој свиреше сам од себе и каков не е виден никогаш, и еден збеснат бик, кој се чини збеснал од звуците на тој инструмент, и кој фучеше гласно.

ЧИНОВНИКОТ I
Некој е во предсобјето!
СЛУЖБЕНИКОТ
Во Табир Сарај не се примаат препораките. Не се примаат препораки, зашто такво нешто, значи препораките – се во спротивност со суштината на Табир Сарај. Не надворешното влијание, туку напротив неговото спречување, не навлегувањето, туку изолацијата, значи не препораката, туку непрепораката претставува еден од основните принципи на Табир Сарај. Табир Сарај или Палата на соништата, како што ја нарекуваат со денешниот јазик, е еден од столбовите на нашето Царство. Светот и порано ја сфаќаше важноста на соништата и нивната улога во судбините на државите. Но прва во светската историја нашата царска држава го крена толкувањето на сонот на повисоко ниво, службено ниво. Нашата Палата на соништата, основана на директно барање на султанот, ги разгледува и систематизира соништата на сите граѓани без исклучок. Идејата на Султанот се потпираше врз фактот дека Алах го фрла на планетата предвесничкиот сон исто онака невнимателно како што го фрла виножитото или громот. Еден таков сон, паднат како изгубена искра во еден од мозоците на милиони луѓе што спијат, може да ја спречи несреќата која ѝ се заканува на државата, да ја избегне војната, или чумата, да доведе до раѓање на нови идеи. Затоа оваа Палата на соништата не е сон, туку еден од столбовите на државата. Тука, подобро од кое било испитување, записник, соопштение или извештај на полицијата или гувернерите на пашалаците, може да се сфати вистинската состојба на Царството. Си она што е нејасно и опасно, или што ќе биде такво по неколку години или векови, го дава својот предзнак во човечките соништа. Прво и основно што се бара од тебе е целосната тајност. Никогаш немој да заборавиш дека Табир Сарај е една целосно затворена институција. Сето ово што ти го реков можеш да го заборавиш, но едно не смееш никогаш да заборавиш: наредбата за зачувување на тајноста. Ова не е порака. Ова е најголемата заповед на Табир Сарај. Сега почни со работа.
ЧИНОВНИЦИТЕ:
– Каде си сега… Гледаш ли подобро?!
– Не, не, сврти се, сврти се уште малку.
– И? Сега? Кажи, викај, оти не те слушам!
– Кон исток, кон исток, сврти се кон исток, уште малку!
– Па сега? Еј, зборувај, црниот ти… Гледаш ли?
– Сврти лево, сврти лево… Така де. Не, лошо, лошо.
– Ништо не гледаш.
– Па зошто не ти се оди лево, лево.
– Нешто матно… Како на сон кога не можеш
да ги познаеш пределите, со лична карта, со пасош…
– Го фати ли?
– Не, не… да готово…
– Фати го де…

АвторТеки Дервиши
2018-08-21T17:22:11+00:00 април 1st, 1999|Categories: Текст, Блесок бр. 08, Театар/Филм|