„Шопинг и факинг“ во Скопје

/, Блесок бр. 06, Театар/Филм/„Шопинг и факинг“ во Скопје

„Шопинг и факинг“ во Скопје

Најновата и единствена драма на англискиот автор Марк Рејвенхил „Шопинг и факинг“, со многу автобиографска искреност и соголеност ја створи провокацијата кај публиката веќе со самиот наслов. Режисерот Срѓан Јаниќијевиќ се обиде да ги одомаќини „Шопинг и факинг“ на сцената во Театар „Центар“. Тука тој ја зачна современата и урбана драма на индивидуалната голгота на еден наркоман и хомосексуалец. Но, жестината и бруталноста на текстот ги ублажи со пренатрупаната и нефункционална сценографија, како и со невидливите мизансцени.
Во драмата најблизок контакт со својот лик воспостави Јордан Симонов, играјќи го главниот лик – хомосексуалецот и наркоманот Марк. Тој изгради оштетен лик, чија храна е хероинот, а оргиите – дишење. Калина Наумовска во улогата на Гери доследно и драматично ја одигра својата ролја, за да ги изнесе траумите и фрустрациите на нејзиниот и главниот лик.
Најголемата вредност на оваа претстава е идејата на режисерот за цикличноста и преживувањето на наркоманскиот пекол. Кај публиката останува несредено чувство за длабоката духовна ерозија кај главниот лик, по секое враќање од неговиот последен трип. И сето тоа со секоја следна претстава да почне одново.

АвторНаташа Старделова
2018-08-21T17:22:13+00:00 јануари 1st, 1999|Categories: Осврти, Блесок бр. 06, Театар/Филм|